Пике: Добро е што Реал нема ракометарски или хокеарски тим – и таму ќе се жалат
Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, најде нова прилика да го нападне големиот конкурент Реал Мадрид. Тој го критикуваше тимот од Мадрид за нивните претензии против судиите во финалето на кошаркарскиот Куп на Шпанија. Во него, Реал изгуби со 93:94 од Барселона, а потоа од тимот го изрази своето незадоволство од судиите, за одлуките во последните секунди од натпреварот.