Шефот на Барса: Нејмар нема да се врати, одбравме друг пат со Кутињо и Дембеле
Претседателот на Барселона, Пеп Бартомеу, ги демантираше гласините дека клубот планира да ја врати својата поранешна ѕвезда, Нејмар. Бразилецот ги напушти Каталонците летото 2017 година откако Париз Сен Жермен ја плати неговата огромна клаузула за откуп во висина од 222 милиони евра.