Екс агентот на Икарди: Мауро веќе не ја контролира својата судбина
Поранешниот агент на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди – Аблан Морено, зборуваше пред „Фудбал Италија“ за ситуацијата околу играчот. Фудбалерот беше лишен од капитенската лента, а исто така не беше вклучен во групата за натпреварот од шеснаесетфиналето на Лига Европа против Рапид Виена.