Мурињо пристигна во Милано на средба со Марота
Жозе Мурињо пристигна во Милано и ќе се сретне со извршниот директор на Интер, Џузепе Марота, објавија италијанските медиуми. Ова ги засилува гласините од изминатите неколку дена дека Португалецот повторно ќе ги преземе „нероазурите“. Тој го предводеше тимот од 2008 до 2010 и запиша „требл“, освојувајќи ја Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите во 2010 година.