Следните два месеци ќе покажат дали има реален раст во Манчестер Јунајтед
Тимот на Манчестер Јунајтед „лета во облаци“ од средината на декември, кога Жозе Мурињо беше отпуштен. Тогаш за привремен менаџер беше поставена клупската легенда, Оле Гунар Солскјер и од тој момент до сега, „црвените ѓаволи“ жнеат успех по успех. Играта на тимот е видливо променета и ова очигледно дава резултати.