Трагичниот случај на Сала и трансферот во Кардиф ќе донесат голема промена во фудбалот
Приказната за исчезнувањето на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала може револуционерно да го промени фудбалот. Напаѓачот премина од француски Нант во Кардиф, но авионот, со кој замина кон новиот клуб, исчезна. Играчот сè уште не е пронајден, иако властите го пребаруваа регионот каде авионот за последен пат бил фатен на радар, а веќе е лансирана и приватна потрага по Аргентинецот.