Добри вести за ПСЖ: Нејмар не е сериозно повреден
Добра вест за Пари Сен Жермен на крајот од денот. Излезе дека повредата на нивната ѕвезда, Нејмар, која тој ја доби во натпреварот за Купот на Франција против Стразбур, не е толку сериозна колку што е изгледала првично, пренесе „Глобо Еспорте“.