Иско заминува од Реал, ако Солари остане на чело на тимот
Халфот на Реал Мадрид, Иско не сака да го напушти тимот и покрај интересот на Манчестер Сити, Интер, Јувентус и Пари Сен Жермен. Неговиот приоритет е да продолжи да игра на „Сантијаго Бернабеу“ следната сезона, но тоа зависи од еден важен услов: дали Сантијаго Солари ќе остане на чело на тимот. Ако Аргентинецот ја задржи својата позиција за следната кампања, тогаш играчот ќе побара излезен трансфер во текот на летото, пишува „АС“.