Игуаин ги помина прегледите, но Челзи не успеа да го пријави на време
Новиот напаѓач на Челзи, Гонзало Игуаин, кој официјално ќе потпише договорот со клубот за неколку часа, нема да може да дебитира во утрешното дерби со Тотенхем од полуфиналето на Лига Купот. Причината за ова е дека тимот од Лондон не успеа да го пријави навреме Аргентинецот, за да може тој да учествува во утрешниот дуел.