Роналдо подобар од неколку легенди на Калчото
Големата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, забележа подобар старт од четири легенди на Калчото. Португалецот има 10 голови за првите 14 кола и го дели првото место во листата на најдобрите стрелци на Серија „А“ со напаѓачот на Џенова, Кжиштоф Понтек. „Бјанконерите“ имаат водство од 11 поени пред Наполи, на кој му претстои посета на Аталанта.