„Вембли“ во сино-бели светла во чест на жртвите од хеликоптерската несреќа во Лестер
Лакот над стадионот „Вембли“ во Лондон синоќа беше обоен во сино и бело, боите на Лестер. Така, Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) изрази почит кон на сопственикот на клубот, Вишај Шриваданапрабха, кој почина во хеликоптерската несреќа во саботата вечерта.