Ањели не е загрижен за обвиненијата против Роналдо
Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, е смирен, и покрај обвиненијата за силување, упатени кон ѕвездата на „бјанконерите“ Кристијано Роналдо. Ањели зборуваше на оваа тема на состанокот на акционерите во италијанскиот шампион.