Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, како причина за кризата во трофејниот клуб ги посочува отсуството на среќа поради што многуте шанси останале нереализирани, како и грешките во одбраната.
Очекуваната со нетрпение прес-конференција на шефовите на Баерн Минхен, всушност била свикана со идејата тие да го заштитат името на баварскиот клуб, фудбалерите и спортско-техничкиот штаб од медиумските напади и обвинувања.
Најдобриот играч на Челзи, Еден Азар изјави дека без разлика што неговиот сон е да заигра за Реал Мадрид еден ден, не му пречи да остане во лондонскиот клуб до крајот на кариерата.
Во Минхен денеска ќе се одржи вонредна прес-конференција на Баерн, на која се очекува да биде објавено разрешувањето на тренерот Нико Ковач и неговата замена со Арсен Венгер, соопшти „Билд“.
Тренерот на Ница, Патрик Виера нема намера да му попушта на Марио Балотели.
Новиот тренер на Монако, Тери Анри се изрази позитивно за колумбиската ѕвезда Радамел Фалкао и призна дека очекува од него да ги поведе соиграчите во следните натпревари.
Жрепката за квалификациите за Европското првенство 2020 ќе се одржи на 2 декември во Даблин. Европската куќа на фудбалот денеска утврди кои тимови нема да бидат во иста група. Србија и Косово сигурно нема да бидат во иста група.
УЕФА изрече парична казна за Париз Сен Жермен во износ од 20.000 евра поради лошата организација на натпреварот од Лигата на шампионите против Црвена Звезда.
Во договорот на Нејмар со Париз Сен Жермен има клаузула за откуп, која станува активна во 2020 година и изнесува 215 милиони евра, тврди каталонскиот весник „Спорт“.
Трпението на спортско-техничкиот штаб на Челзи кон напаѓачот Алваро Мората е потрошено и од клубот ќе бараат нов напаѓач во јануарскиот трансфер периор, тврди „Сан“.