Спировски: Целосно сме фокусирани на Лихтенштајн
Фудбалерот од средниот ред на македонската репрезентација, Стефан Спировски, дуелот со Лихтенштајн го гледа како убава можност да се продолжи победничката серија во групата од Лигата на нации. Тој вели дека националниот тим подготвен ќе го дочека саботниот дуел.