Барса без победа во трет натпревар по ред
Тренерот на каталонците, Ернесто Валверде повторно се потпре на нестандарден состав, оставајќи ја суперѕвездата Лионел Меси на клупата и се обложи на Кутињо, Луис Суарез и Усман Дембеле во нападот. Играта на тимот не се развиваше добро и баскијците поведоа преку Оскар де Маркос на крајот од првото полувреме.