Лопетеги започна шампионски во Реал Мадрид (статистика)
Во последните 10 години, Реал Мадрид освои само две титули во шпанската Ла Лига. Тоа се случи во сезоните 2011/12 и 2016/17, кога тимот беше воден од Жозе Мурињо, односно Зинедин Зидан. Во двата случаи, Мадрид ја започнува кампањата со 13 поени по пет натпревари, како што е и ситуацијата оваа сезона. Со Португалецот, „белите“ завршија со 100 поени, а со Французинот - 93.