Челзи го испуштиле Мбапе кога имал 13 години
Еден од најголемите таленти на светскиот фудбал - Килијан Мбапе, бил близу до тоа да стане играч на Челзи уште во 2012-та, кога имал само 13 години. Тоа го открива поранешниот скаут на Челзи, Даниел Бога, кој ги забележал квалитетите на Французинот и го поканил на тест период од една недела.