Черишев под истрага од ВАДА за допинг
Портпаролот на Светската антидопинг агенција (ВАДА) ја потврди за руското издание „Спорт Експрес“ информацијата, која беше објавена во саботата од британскиот весник „Дејли Телеграф“, дека е отворена истрага за наводна употреба на допинг од страна на рускиот репрезентативец и фудбалер на Валенсија, Денис Черишев.