Видал: Со ВАР, последните две ЛШ ќе ги освоеше Баерн, а не Реал
Фудбалерот на Барселона, Артуро Видал го поддржува воведувањето на системот за видео асистенција на судиите (ВАР) во Лигата на шампионите. Според него, доколку ВАР се користеше последните две сезони во елитното натпреварување, тогаш трофејот би го освоил Баерн Минхен, а не Реал Мадрид.