Емери подготвен за првата победа на чело на Арсенал
Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, призна дека од почетокот на сезоната, неговиот тим страдал од неможноста да ги контролира настаните на теренот. Тоа е причината зошто шпанскиот стратег е решен да ја прекине серијата од два последователни порази во претстојното лондонско дерби против Вест Хем.