Куп на Македонија: Кит-го го победи Шкупи, Тиквеш ја совлада Ренова
Во првото коло од фудбалскиот Куп на Македонија денеска се одиграа повеќе натпревари, а најголемото изненадување го направија второлигашите Кит-го, совладувајќи го со 2:0 фаворизираниот Шкупи во Пехчево, и Тиквеш, кој ја порази Ренова со 2:1 во Кавадарци.