Познатиот португалски фудбалски експерт Пауло Бенто е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Јужна Кореја. Бенто е поранешниот тренер на Спортинг, Олимпијакос и селектор на Португалија.
Германскиот фудбалер од средниот ред, Тони Крос, рече дека семејството го убедило да остане во репрезентацијата по неуспехот на Светското првенство 2018 година.
Натпреварот за Суперкупот на УЕФА во 2019 година ќе се одржи во Истанбул, Турција на стадионот на Бешикташ „Водафон Арена“, објави Европската фудбалска федерација на својата веб-страница.
Македонската фудбалска репрезентација напредуваше едно место и сега се наоѓа на 70. позиција на ФИФА ранг-листата објавена денеска.
Стрелецот на два гола за Атлетико Мадрид во синоќешниот триумф (4:2) над градскиот ривал Реал, Диего Коста, изјави дека неговиот тим има квалитет секого да победи.
Новиот капитен на Барселона, Лионел Меси, вети дека каталонскиот тим во претстојната сезона ќе стори се за да ја освои Лигата на шампионите.
Атлетико Мадрид ги достигна Ливерпул и Ајакс во бројот на освоените трофеи во Супер купот на УЕФА. „Душекџиите“ синоќа во Талин по трет пат го дигнаа Супер куп трофејот по 2010 и 2012 година.
Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги смета дека синоќешниот пораз од Атлетико Мадрид во Супер купот на УЕФА не треба да остави некаква трага и да биде причина за тревога.
Атлетико Мадрид го освои Суперкупот на УЕФА, откако со 4:2 го совлада градскиот ривал Реал Мадрид на натпреварот што се одигра во Талин, Естонија.
Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер сити, Кевин де Брујне, најверојатно ќе отсуствува два месеци од теренот, откако на тренинг го повреди десното колено.