Манчестер ќе му го продолжи договорот на Де Геа
Шпанскиот голман Давид Де Геа ќе добие понуда за нов договор од Манчестер Јунајтед и тоа ќе се случи во многу скоро време, објави Би-Би-Си. Актуелниот договор на 27-годишниот голман истекува следната година, а клубот наскоро ќе започне преговори за продолжување на соработката.