Клоп: Одамна немаме ништо освоено, можеме да бидеме само предизвикувачи
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен од победата на стартот од новата сезона во Премиер лигата. И покрај тоа што многумина сметаат дека „црвените“ се меѓу главните фаворити за највисок пласман, Германецот својот тим го гледа само како „предизвикувач“.