Почетино: Нема да правиме трансфери за да задоволиме нечии очекувања
Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино го утврди однесувањето на својот тим како „храбро“, откако „петлите“ станаа првиот тим од 2003-та година, кога е воведен трансферниот прозорец, кој не остварува ниту една зделка. Тимот од Лондон целосно го задржа својот состав и не се раздели, ниту привлече нови фудбалери.