Лестер одбил две понуди од Јунајтед за Мегваер
Дефанзивецот на Лестер, Хари Мегваер се уште се надева дека ќе биде продаден на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ упатиле две понуди за англискиот репрезентативец, а вториот предлог е во износ од 60 милиони фунти. Но, и двата беа одбиени од „Лисиците“ кои дури и сакаат да му понудат нов договор на играчот.