Милер: Во германската репрезентација нема расизам
Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер, коментирајќи ја одлуката на неговиот соиграч од репрезентацијата Месут Озил, кој неодамна се повлече од германскиот национален тим, наведе дека овој негов чекор нема никаква врска со расизмот, бидејќи според него такво нешто не постои во репрезентацијата.