Азар ќе стане најплатен фудбалер на Реал
Еден Азар ќе стане фудбалерот со највисока плата во Реал Мадрид, ако трансферот на „Сантијаго Бернабеу“ се оствари. Според информациите на „АС“, од Реал Мадрид му предложиле плата на Азар од 15 милиони евра годишно, што ќе го израмни по плата со Герет Бејл.