Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед Пол Погба сака да се врати во Јувентус, пишува италијанското издание „Тутоспорт“.
Хамес Родригез сигурно ќе остане во Баерн Минхен и во следната сезона, гарантира агенцијата која ги претставува неговите права - „Гестифут“. Во договорот за закуп помеѓу баварците и Реал Мадрид нема „дупка“, која „кралевите“ би можеле да ја искористат за да го вратат техничарот пред летото 2019 година.
Дефанзивецот Дејли Блинд го напушти Манчестер Јунајтед за да се врати во својот матичен клуб Ајакс и не ја крие радоста дека повторно ќе го носи дресот на холандскиот гигант.
Дефанзивецот на Милан, Леонардо Бонучи не е задоволен од ситуацијата во клубот и инсистира на тоа да биде продаден, објавија медиумите во Италија. Неговиот агент Алесандро Лучи веќе го информирал раководството на клубот за желбата на неговиот клиент.
Иако Шкендија на реванш натпреварот во Велс против ТНС претрпе тежок пораз од 4:0, благодарение на поголемата предност од 5:0 од првиот натпревар во Скопје избегна елиминација.
Тренерот на Шкупи, Зекирија Рамадани, и покрај елиминацијата од Глазгов Ренџерс на стартот од квалификациите за Лигата Европа, испрати пофални зборови кон своите играчи за прикажаното.
Тренерот на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард, по натпреварот со Шкупи очекувано изјави дека е задоволен од пласманот на неговиот тим во второто коло од квалификациите за Лига Европа.
Работнички уште во првото коло ги заврши натпреварите од квалификациите за Лига Европа, откако на реваншот против унгарски Хонвед беше поразен со високи 4:0.
Шкупи е елиминиран од Глазгов Ренџерс во првото квалификациско коло за Лига Европа (ЛЕ).
На фудбалерот на Манчестер јунајтед, Алексис Санчез, му беше одбиено барањето за влез во САД, заради изречената судска пресуда во Шпанија.