Менаџерот на Манчестер Сити, Жозеп Гвардиола, може да ја предводи репрезентацијата на Аргентина, пишуваат аргентинските медиуми.
Светската фудбалска федерација (ФИФА) реагираше на критиките на Диего Марадона упатени кон судијата на мечот од осминафиналето на Светското првенство 2018 помеѓу Англија и Колумбија (1:1, 3:4 пенали).
Селекторот на јапонската фудбалска репрезентација Акира Нишино ќе ја напушти функцијата на крајот од јули. Под негово водство Јапонија стигна до осминафиналето на Светското првенство 2018, каде што загуби од Белгија со 3:2 со голови примени во последните дваесетина минути.
Младиот шпански фудбалер Фабијан Руиз Пења ќе се пресели од Бетис во Наполи. Според информациите кои пристигнуваат од Неапол, Бетис за овој трансфер ќе инкасира 30 милиони евра.
Тренерот на Олимпик Лион, Бруно Женесио, потврди дека холандскиот фудбалер Мемфис Депај ќе биде казнет бидејќи не се појави на тренингот на почетокот од подготовките.
Реал Мадрид денеска ги дементираша тврдењата на повеќе медиуми дека раководството на актуелниот европски шампион постигнало договор со Пари Сен Жермен за купување на младиот напаѓач Килијан Мбапе.
Италијанскиот селектор Роберт Манчин, изјави дека не гледа подобар тим од Италија на Светското првенство во Русија, освен Бразил.
Европскиот првак Реал Мадрид е подготвен да понуди рекордни 272 милиони евра за францускиот репрезентативец од Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе.
Поранешен фудбалер на Барселона, Чави, како и актуелниот белгиски селектор Роберто Мартинез влегуваат во листата претенденти за нов селектор на „црвената фурија“ објави шпанската национална телевизија.
Португалскиот фудбалски великан Спортинг Лисабон одбива да плати 10 милиони евра пенали што ги бара српскиот тренер Синиша Михајловиќ за предвремен раскин на договорот.