Легендата на Мексико се прости од репрезентацијата по крајот на своето петто СП
Легендарниот мексикански дефанзивец Рафаел Маркез стави крај на неговата репрезентативна кариера. Универзалниот играч запиша учество на петтото Светско првенство со тимот на „сомбрерата“. Тој е поранешен играч на Монако, Барселона и Верона, а со Каталонците ја освои и Лигата на шампионите.