Евертон го претстави новиот менаџер Марко Силва
Четириесет-годишниот поранешен менаџер на Ватфорд и Хал Сити ја наследи работата од Сем Алардајс, кој беше отпуштен по само шест месеци работа во клубот. Според медиумите на Островот, Силва ќе добива околу 4 милиони фунти годишно на „Гудисон Парк“.