Нант ја објави разделбата со Раниери
Тренерот на Нант, Клаудио Раниери, ќе ја напушти функцијата на крајот од сезоната. Ова го соопшти претседателот на клубот Валдемар Кита. Таквите шпекулации веќе некое време постоеја во медиумите, но сега и официјално добија потврда.