Вардар со најголем скок на УЕФА ранкингот оваа недела
Вардар го има најголемиот скок на УЕФА клупскиот ранкинг, објави сајтот на европската куќа на фудбалот. Нашиот тим освои бод во дуелот со Розенборг, и тоа донесе напредок од 62 места, односно од 299 позиција, сега „црвено-црната“ екипа е на 237 место.