Шкотскиот тренер Дејвид Мојс денес ќе биде претставен како нов менаџер на Вест хем, најавува „Скај спортс“.
Баерн од Минхен се откажа од тоа да го доведе Алексис Санчес од Арсенал бидејќи Чилеанецот веќе донел одлука околу продолжувањето на кариерата.
На вчерашниот натпревар со Манчестер јунајтед, Давид Луиз не беше меѓу резервните играчи, а Антонио Конте, менаџерот на Челзи, изјави дека бразилскиот дефанзивен играч ќе мора многу да работи за да се врати меѓу стартерите.
Деле Али, фудбалерот на Тотенхем, ќе ги пропушти претстојните пријателски натпревари против Германија и против Бразил поради повреда на тетивата, соопшти Фудбалскиот сојуз на Англија.
Славен Билиќ, тренерот на Вест хем, доби отказ поради лошите резултати на екипата, која се наоѓа во зоната за испаѓање, на 18-тото место со девет освоени бодови, пренесоа медиумите од Островот.
Легендарниот италијански играч за врска Андреа Пирло синоќа ја заврши активната играчка кариера откако ги одигра последните минути за Њујорк сити.
Селекторот на најдобрата фудбалска репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски дополнително го повика Кире Маркоски од Работнички за контролниот натпревар против Норвешка закажан за 11 ноември на Националната арена “Филип Втори” во Скопје.
Фудбалската федерација на Македонија денеска ги пушти во продажба влезниците за натпреварот на А репрезентацијата со Норвешка и за квалификациската пресметка на младинците против Австрија.
Лидерот на табелата Шкендија со пресврт го победи Работнички со 2-1, додека Вардар беше убедлив против последно пласираниот Скопје.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година Благоја Милевски го објави списокот играчи за претстојниот дуел со Австрија од квалификациите за Европското првенство 2019 година.