Холандскиот напаѓач Џошуа Зиркзе пристигна во Манчестер, пренесуваат медиумите во Англија. Ова се случи еден ден откако Холандија беше елиминирана во полуфиналето на ЕП 2024 од Англија.
Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин ќе остане на функцијата, соопшти Швајцарската фудбалска федерација.
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро може да ја продолжи кариерата во друг клуб, пренесува „Екип“. 32-годишниот Бразилец е блиску до преселба во Ал-Итихад од Саудиска Арабија, тврди изданието.
Централата на европскиот фудбал (УЕФА) даде позитивна оценка за Евро 2024 пред финалето меѓу Шпанија и Англија во недела во Берлин.
Голманот на Челси, Кепа Аризабалага, кој минатата сезона играше како позајмен во Реал Мадрид, би можел трајно да му се приклучи на шпанскиот клуб, пренесува „Марка“.
Освојувачот на македонскиот фудбалски Куп, Тиквеш со победа дебитираше на европската сцена, откако вечерва во Скопје со пресврт го совлада исландски Бреидаблик со 3-2 (0-2) во првиот натпревар од 1. квалификациско коло во Конференциската лига.
Фудбалерите на тетовска Шкендија загубија вечерва од ерменски Ноах на гостински терен со 2-0 (0-0) во рамки на првиот натпревар од воведното квалификациско коло во Конференциската лига.
Италијанскиот фудбалски прволигаш Милан ги договори условите околу договорот со играчот од средниот ред на Монако и на француската репрезентација Јусуф Фофана, објави денеска Скај Спорт Италија.
Шокантна видеоснимка се појави на социјалните мрежи од натпревар во рамки на фудбалското првенство во бразилска сојузна држава Гојас на која се гледа како полицаец испукува гумен куршум во телото на голманот на клубот Гремио Анаполис, Рамон Соуза.
Челниците на Фудбалската федерација на Соединетите Американски Држави официјално објавија дека 50-годишниот Грег Берхалтер веќе не е селектор на американската репрезентација.