Бајрами го сруши рекордот за најбрз гол на Европските првенства, Италија со два гола за 16 минути ја однесе победата
Натпреварот почна шокантно за Италија која по само 23 секунди се најде во резултатска негатива, откако Бајрами искористи кардинална грешка во противничката одбрана и го постигна најбрзиот гол во историјата на европските првенства.