Нагелсман реши да му сврти грб на Баерн и да остане на чело на Германија
Германскиот фудбалски селектор Јулијан Нагелсман, кој е на чело од крајот на септември, го продолжи договорот до крајот на Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада, соопшти во петокот германската фудбалска федерација.