Германската фудбалска федерација објави денеска дека Руди Фелер го продолжил договорот со асоцијацијата и ќе остане спортски директор на репрезентацијата до крајот на Светското првенство во 2026 година.
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Мемфис Депај, ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд поради повреда на мускулот на левата нога, соопшти денеска шпанскиот клуб.
Германскиот фудбалски прволигаш Бохум му врачи денеска отказ на тренерот Томаш Леч поради серијата слаби резултати.
Анчелоти е тренер со најмногу трофеи во ЛШ (четири) и најмногу победи (114), а утре ќе дојде и до својот 200 натпревар во елитното натпреварување.
Англискиот фудбалски прволигаш Евертон денеска беше казнет со одземање уште два бода поради второ прекршување на финансиските правила на Премиер лигата.
Хрватскиот прволигаш Хајдук ја раскина денеска соработката со тренерот Мислав Карлоган (41), а според написите во хрватскиот печат пред заминување од сплитскиот клуб е и македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски (31).
Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго ќе остане во клубот и покрај можниот трансфер на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, пренесува „Marca“.
Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано остро го критикуваше Жозе Мурињо. Португалскиот тренер останува невработен откако во јануари доби отказ од Рома.
Според „Kicker“, клубот има повеќе поддржувачи на играчот отколку неговите критичари. Забележано е дека бундеслигашот сака да се раздели со некои играчи на лето за да го обнови тимот.
Фудбалерот од средниот ред на Пари Сен-Жермен, Марко Асенсио зборуваше за целите на тимот до крајот на сезоната. Тој има намера да освои што повеќе трофеи.