Легендата на Барселона, Андрес Иниеста е казнет од даночните власти во Јапонија со 580 милиони јени, што е еднакво на околу 3,5 милиони евра, пренесува „АС“.
Таткото на фудбалската ѕвезда Нејмар изјави дека неговото семејство нема да плати еден милион евра потребни за ослободување на Дани Алвеш од шпанскиот затвор, каде што поранешниот бразилски дефанзивец го чека исходот од жалбата на пресудата за силување.
Македонскиот напаѓач Александар Мишов (25) е нов фудбалер во редовите на бугарскиот прволигаш Етер, соопшти денеска клубот од Велико Трново.
Како што пренесува агенцијата Кјодо, Северна Кореја, која нема дипломатски односи со Јапонија, одлучи да не го организира натпреварот во Пјонгјанг поради загриженост од ширење на заразни болести од Јапонија.
Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Робињо е уапсен во Бразил, каде ќе треба да одлежи деветгодишна затворска казна за силување.
Актуелниот шампион ПСЖ со години доминира во францускиот фудбал во секој поглед, а за тоа говорат и последните податоци според кои меѓу десетте најдобро платени играчи од Лига 1 сите се од редовите на клубот од Париз.
„Најк ја претстави убедливо најдобрата економска понуда, чија сума нема да ја откриеме, изјави претседателот на Управниот одбор на ДФБ, Холгер Бласк.
Фудбалските репрезентации на Украина, Исланд, Велс и Полска се пласираа синоќа во финалето на баражот за пласман на Европското првенство кое ова лето ќе се одржи во Германија.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд денеска ги отфрли наводите дека се повредил на тренингот на норвешката репрезентација.
Тренерот Чаби Алонсо прави чуда со Баер Леверкузен. „Фармацевтиците“ не само што ја пленија германската и европската јавност со квалитетот на играта, посветеноста, туку се и единствената непоразена екипа во ТОП 5 европските лиги во сезоната.