Крај на сезоната за Свен Ботман, стоперот на Њукасл со сериозна повреда
Стоперот на Њукасл, Свен Ботман ги скина вкрстените лигаменти на коленото и ќе биде подложен на операција и закрепнување од шест до девет месеци. Холандскиот дефанзивец се повреди на десет минути пред крајот на натпреварот во ФА Купот на Англија против Манчестер Сити.