Јунајтед сака да го продаде Антони, но има една пречка
Манчестер Јунајтед сака да се раздели со бразилското крило Антони во текот на летото, откако поранешниот играч на Ајакс не ги оправда очекувањата и се претстави под нивото. Во последно време, 24-годишниот фудбалер не е ни вклучен во плановите на менаџерот Ерик тен Хаг.