Договорот на Дибала автоматски продолжен до јуни 2026 година
Пауло Дибала беше најголемата главоболка на Рома во август, бидејќи беше на прагот да го напушти клубот, а на крајот на јануари стана нивна најголема радост. Имено, договорот на Аргентинецот автоматски беше продолжен за уште една година бидејќи одигра 50 отсто од натпреварите.