Професионалниот војник на АРМ, Мартин, јавно ја запроси својата девојка (Видео)
Професионалниот војник Мартин Богоевски кој на јавноста и стана познат по случувањата на Мечкин камен за време на оддржување на прославата за 2-ри август, во вторникот на 23-ти Октомври, пред споменикот на основачите на историското ВМРО, облечен во комитска облека ја побара својата девојка за животна сопатничка.