Со свеќи и срциња, запросена девојка на Винтерленд во Скопје
Момче ја побара за жена својата девојка, на Плоштадот Македонија во Скопје за време на настанот „Винтерленд“. Тој клекна пред својата сакана со песната „All Of Me“ од Џон Леџенд, а за убавата атмосфера, тој запали и свеќи во вид на срце.