Гир: Земјава се движи во правилна насока, да се зголеми темпото во реформите за владеење на правото
Се надевам дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи што е можно поскоро. Сега е потребно земјите-членки да ја договорат финалната верзија на преговарачката рамка, којашто практично ја отвора вратата да се започне со преговарање, вели новиот евроамбасадор во Македонија Дејвид Гир, во ексклузивното интервју за МИА, коешто е негово прво по преземањето на функцијата