Бабовски: Очекувам ИПАРД да стане успешна приказна со голема искористеност на европските пари
Изминатава 2018 година беше исклучително продуктивна во однос на финансиската поддршка за земјоделството. Исплатата на субвенциите е 99,9 отсто реализирана, а од првиот повик на ИПАРД 2 се префрлени 1,4 милиони евра што е одличен стимул за домашниот агро сектор, вели во интервју за МИА директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски.