На денешниот втор круг од локалните избори дебарчани повторно му ја дадоа довербата на Ружди Љата, кој на оваа функција беше и изминатите четири години.
Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори, актуелниот министер без ресор во Владата на Зоран Заев освоил 13.718 гласови, додека кандидатот на Алијанса за Албанците добил 13.143.
Според првичните резултати на СДСМ, нивните кандидатите имаат извесна победа во општините Бутел, Градско, Карбинци, Кисела Вода, Македонски Брод, Могила, Новаци, Старо Нагоричане, Чашка и Штип, информираше Ивана Туфегиќ.
По долго време Република Македонија е горда што имаше фер, демократски и мирни избори, оцени денеска на прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по завршување на вториот круг од изборниот процес.
Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, од обработени речиси 30 отсто од избирачките места кандидатите на СДСМ водат во скопските општини каде што се гласаше во вториот круг од локалните избори.
Според извори од СДСМ, извесна е победата на нивните кандидати во Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Штип, Карбинци, Старо Нагоричане, Могила, Македонски Брод.
Тој истакна 7 барања кои, според него, ќе придонесат за враќање на демократијаат и достоинството во земјата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски изјави дека партијата не ги прознава Локалните избори. Според него ова не се фер и демократски избори.
Илјадници флаери беа расфрлани уште изутринава. Во Кисела Вода таткото од кандидатот за градоначалник кажувал дека сега биле власт можеле да избркаат секого кој нема да гласа за СДСМ.
За време на изборниот процес во Струга, се случуваше криминал, обвинува кандидатот за градоначалник од Алијанса за Албанците, Зијадин Села, пренесува „Фокус“.