– Полицијата излегла веднаш на терен при што во полициска станица е приведено едно лице. Се работи на целосно расчистување на случајот, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Коалицијата „Излези да гласаш“ информира дека изутринава се забележани неколку нерегуларности на повеќе избирачки места во државата.
Според 99,21 отсто од обработените податоци, излезноста на денешниот втор круг од локалните избори до 17 часот на ниво на Македонија е 43,83 отсто, соопшти попладнево портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска.
Набљудувачите на МОСТ известиле за неколку неправилности во текот на гласањето. Забележани биле неколку примери на семејно гласање, како и гласање со помош на членови на изборните комисии.
Од почетокот на гласањето биле забележани три случаи на притисок врз мониторинг тимовите на Цивил во општините Штип, Кавадарци и Сарај, рече Џабир Дерала на прес-конференција.
Гласањето во вториот круг од локалните избори се одвива непречено и не се забележани никакви проблеми. Вкупната излезност во 35-те општини на 1.517 избирачки места до 13 часот изнесува 24,38 отсто, изјави на прес-конференција портпаролката на ДИK Љупка Гугучевска.
МВР на прес конференција извести дека се регистрирани три случаи на фотографирање на гласачки ливчиња, од кои едно е во Црниче, општина Кисела Вода, и по едно во Шуто Оризари и Пробиштип.
На гласачкото место 1.472 во селото Лажани, општина Долнени, пак, имало девет случаи на групно гласање во кои се злоупотребени 20 гласа.
Набљудувачите на ЦИВИЛ јавуваат за два случаи на фотографирање на гласачкото ливче до 10 часот. Првиот случај е во ОУ „26 Јули“ во општина Шуто Оризари. Лицето е фатено на дело и веднаш приведено од полицијата.
Вратата беше заклучена и немаше можност воопшто да се влезе, ниту што било да се праша, соопштува набљудувачката на ЦИВИЛ – Центар за слобода.