Носител на советничка листа на една политичка партија во општина Гази Баба вербално се заканувал на член од спротивната политичка партија за време на гласањето на старите и изнемоштени лица во општината.
Во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово заврши гласањето на болните, изнемоштените и затворени лица во првиот круг од локалните избори.
Наместо да гласа и да го оствари избирачкото право, затвореник од Идризово бил однесен во избирачкото место и вратен назад во ќелија. Го немало во списокот и вели дека традицијата да биде спречен да го даде својот глас продолжила и на овие избори, објави ТВ 24.
М.С. од село Корешница, демиркаписко во полициската станица во Неготино пријавил дека неговиот соселанец С.Б. му понудил пари за да гласа за еден од кандидатите за градоначалник на Демир Капија.
На ден пред изборите се гласа во 13 казнено-поравни установи каде право на глас имаат 1.882 избирачи. Своето гласачко право денеска ќе го искористат 5.025 болни и изнемоштени лица, како и лица во куќен притвор. Денеска гласаат и девет внатрешно раселени лица.
Граѓанската асоцијација МОСТ со повеќе од 2.500 набљудувачи ќе ги следи утрешните локални избори од кои 2.100 ќе бидат статични.
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски ги повика сите учесници на изборите да обезбедат фер и демократски избори со почитување на Уставот и законите во Република Македонија.
Сите одделенија за управни работи на МВР денеска и утре, на денот на локалните избори, ќе работат и ќе издаваат лични карти на граѓаните.
За следење на претстојните локални избори во Македонија, во Државната изборна комисија досега се акредитирани 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи. Во ДИК за следење на изборите досега се акредитирани шест новинари.
МВР апелира до политичките партии и нивните симпатизери да ги почитуваат изборните правила, да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир, бидејќи секакво однесување спротивно на законите МВР нема да го толерира.